Гори тетовската депонија
Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга што минува близу до силосите на Жито полог. Засега не се знаат точните причини зошто и како избувнал огнот на депонијата што ЈКП Тетово во изминатите години ја користеше како претоварна станица за сметот што се собира од градот.
На неколкупати од депонијата се издигнува густ, црн чад, а екипи на тетовската теритроријална противпожарна единица интервенираат во обид да го изгаснат огнот од запалениот смет. Граѓаните се жалат дека несподносливата смрдеа и чадот освен близу депонијата сега се чувствува насекаде низ Тетово.
Проблемот со дивата депонија кај претоварната станица трае подолго време. Од општината на неколкупати најавуваа дека овој простор ќе се расчисти од смет и оти веќе нема да се користи како претоварна станица.
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи пред десеттина денови најави дека за оваа намена со ребалансот на буџетот биле определени 12 милиони денари и оти по расчистувањето целиот простор ќе биде дезинфициран и потоа согласно урбанистичките планови ќе се користи за изградба на станбени и индустриски објекти.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници