Свет
11. April 2016 - 10:47

Гори Русија: Тројца бомбаши самоубијци се разнесоа во полициска станица

Полициската станица во рускиот регион Ставропол беше мета на напади, пренесуваат локалните медиуми. Одредени наведуваат дека во нападот учествувале тројца бомбаши самоубијци.

Полицијата засега нема никакви детали за нападот.

РИА Новости наведува извори од безбедноснтие служби кои им рекле дека биле користени пет експлозивни направи во нападот.

Екстремистите загинале од самата експлзоија.

Сите информации треба да бидат потврдени од официјалните руски власти.