Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов изјави дека на терен се веќе 12 пожарникари со четири противпожарни возила.
-Гори висока сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на пожарот од воздух, вели Ренџов.
Тој посочува дека пожарот е на два километри од селото Селце, но добро е што огнот не оди кон првите куќи во селото, туку се движи кон врвот на планината. Ренџов вели дека екипите се на терен и во текот на ноќта ќе имаат дежурство. Овој дел од планината Серта секоја година гори, а пожарникарите се справуваат со огнените стихии и ги бранат куќите на овие села од огнените јазици.
МИА
Ново на Сител
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури
-
Кавадарци: Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера