Горбачов: Светот како да се подготвува за војна

Последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов оцени денеска дека најголем од „големиот број проблеми кои светот ги има“ е милитаризацијата на политиката и новата трка во вооружувањето.
Горбачов во коментарот за списанието „Тајм“ наведе дека политичарите и воените лидери звучат се повоинствено, а одбранбените доктрини се се поопасни.
- Аналитичарите и ТВ личностите се придужуваат на тој воинствен хор. Се изгледа како светот да се подготвува за војна, наведе Горбачов.
Човекот, кој го водеше Советскиот Сојуз од 1985 година до неговото распаѓање во 1991 година, рече дека проблемот кој го изнел бара најитно решавање и предупредува дека моментот за дејствување веќе пристигнал, затоа што НАТО и Русија се повеќе се доближуваат до вооружувањето на другата страна.
- Наместо тероризмот да биде прв приоритет, фокусот би требало да биде на спречување на војната, на прекинување на натпреварот со вооружувањето и намалување на арсеналот, пишува Горбачов.
Тој го повика Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата, во која ќе пишува дека „нуклеарната вона е неприфатлива и дека не смее никогаш да започне“.
- Луѓето кои би требало да ја протуркаат оваа резолуција се Доналд Трамп и Владимир Путин, чии земји заедно контролираат повеќе од 90 отсто од светското нуклеарно вооружување, пишува Горбачов.
Во рацете на Трамп од пред неколку денови се кодовите за нуклеарно вооружување, што новиот американски претседател го опиша како „нешто многу застрашувачко“.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
