-->
-->
Горанов: Бугарија сака да се приближи до влез во еврозоната
-->
Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов денеска изјави дека сака неговата земја да се приближи до влезот во еврозоната во текот на следните шест месеци, додека Бугарија претседава со Европската унија.
Горанов пред новинарите изјави дека „најверојатно ќе аплицираме во првиот семестар" за да влеземе во програмата ERM-2, што е потребна пред земјата да се приклучи на еврото, во која сега се 19 членки на ЕУ.
Горанов рече дека бугарската валута, левот, веќе има фиксен курс за еврото, стабилна економија и „никако не може да биде ризик за еврозоната".
Бугарија има најнизок БДП по глава на жител во ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ