Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.
Весиќ најави дека поднесува оставка по трагедијата што се случи во Нови Сад во петокот, кога падна бетонска настрешница на железничката станица, при што загинаа 14 лица, а тројца беа во тешка состојба.
„Не можам да прифатам вина бидејќи немаме ни трошка одговорност за несреќата што се случи. Поднесувам оставка како одговорен човек кој сака да покаже морална одговорност“, изјави Весиќ.
Тој рече дека се вратил во политиката поради претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека ќе му остане на располагање.
„Ќе бидам таму додека тој се занимава со политика“, рече тој.
Весиќ ги нападна и оние од Српската напредна странка, чиј функционер е тој, кои го повикаа да покаже одговорност.
„Имам одговорност и чест и ќе се трудам во наредниот период да покажам колку немаат“, рече тој. Исто така додаде дека е „горд член на СНС“ и дека ќе остане член на Претседателството на таа партија.
Весиќ стана министер за градежништво во 2022 година. Тој е член на Српската напредна партија на Вучиќ од 2013 година. Интересно е што пред тоа беше висок функционер на спротивставената Демократска партија и шеф на кабинетот на егзекутираниот српски претседател Зоран Ѓинѓиќ.
Ново на Сител
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива
-
40-годишник од Скопје пијан ја тепал и гризел сопствената мајка
-
КЛ: Противници од Сан Марино, Белорусија и Црна Гора за Вардар, Работнички и Силекс
-
Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ
-
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Тешко повреден 43-годишник од Србија, со мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот
-
При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна