Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
Горан Димовски е среќникот што го извлече чесниот крст од осветените води на градскиот базен во Кратово.
Димовски беше најсреќен меѓу триесетината што скокнаа во осветените води на градскиот базен во Кратово и доби ваучер од Зегин во вредност од 15.000 денари.
-На Горан Димовски кој што го фати Чесниот крст во Кратово му посакуваме многу здравје, среќа и благосостојба. Нека го следи Божјиот благослов и нека му се исполнат сите желби и намери. Водата што денес ја осветуваме донесе нови сили, нови почетоци и духовна обнова за секого од нас. Нека верата, надежта и љубовта нè водат во иднината, напишаа од општината.
Честитки до Димовски упати и градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.
Утрово крстот беше положен и во водите на Селска Река во село Конопница, кривопаланечко, а среќникот беше Матеј Ѓошевски.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени