-->
-->
Гонзалез: Очекувам најтежок натпревар за нас досега
-->
Македонскиот и актуелен европски првак Вардар во сабота (7 октомври) го очекува нов меч во ракометната Лига на шампиони.
Во рамките од четвртото коло на А групата, Вардар гостува во Унгарија кај тимот на ПИК Сегед, тим против кој црвено-црните имаат четири победи во низа во досегашните шест меѓусебни дуели во кои Унгарците само еднаш се радувале и тоа во 2004 година.
Спак тренерот на вардарци Раул Гонзалез смета дека дуелот против ПИК Сегед ќе биде најтешкиот досега за европскиот шампион, кој сезоната ја започна со три победи во елитното натпреварување.
„Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овојпат. Нивниот тренер е навистина добар и тие играат со многу тактика. Досега двапати победивме во Сегед во Лигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас, бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро“, изјави Гонзалес.
Сезонава Вардар има проблеми со повредите, па ретко на кој натпревар Гонзалез можеше да сметаме на комплетен состав. Извесно време на листата на повредени беа Милиќ и Карачиќ.
„Очекувам во Унгарија да патуваме сите, незнам како ќе биде Карачиќ. Тој не тренираше долго време. Знам дека ако некој не тренира тешко е потоа да игра добро, но секогаш верувам во тимот што е на терен“, додаде Гонзалез.
Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар ќе се игра во сабота во терминот од 17 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици