Loading Video...
Фудбал
28. January 2023 - 18:23

Голот на Барди не доволен Трабзон да избегне пораз

Македонскиот репрезентативец Енес Барди постигна гол за својата екипа Трабзонспор во натпреварот со Хатајспор што заврши со победа на Хатајаспор со 2-1.

Капитенот на македонската репрезентација на фантастичен начин, со глава, во деветтата минута, му донесе предност на својот тим од 1-0 со која Трабзон замина и на паузата меѓу двете полувремиња. 

Сепак тоа не беше доволно да се освои барем бод во дуелот со екипата која е на овој меч беше трета, но од долниот дел на табелата. 

Имено Ел Каби во 47-та израмни на 1-1, а две минути подоцна (50) со голот на Јилдрим, домаќините стигнаа до комплетен пресврт, и водство од 2-1 кое го сочуваат до крајот на средбата.

Со оваа победа Хатајспор  сега се проби на 14-место на табелата, додека Трабзон остана шесто со дури 10 бодови помалку од  лидерот Галатасарај.