Голоб предупреди на „информациска војна“ на Москва на Балканот

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, во врска со руското влијание на Балканот, предупреди дека земјите од регионот мора „да смислат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание врз тамошната јавност и на „информациската војна“ што доаѓа од Москва.
Во интервју за британски Би-Би-Си, Голоб, на маргините на вчерашниот самит на НАТО во Мадрид, рече дека „делови од локалното население се за позициите на Москва и затоа треба да работиме со владите на Балканот за да ги доближиме до европската позиција“.
„Но, мораме да ја земеме предвид наклонетоста на населението кон Русија, да не ја игнорираме, па да најдеме дури и кревка рамнотежа“, предупреди словенечкиот премиер.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, тој предупредил и за грешките од минатото во односот на Западот со Русија, од кои, како што додаде, треба да се извлечат поуки.
„Настаните во Украина можеби ќе се одвиваа поинаку доколку НАТО во односот кон неа постапуваше како и кон Кина. Ова е лекција од која мораме да учиме“, рече словенечкиот премиер,
Во разговорите за словенечките медиуми за време на самитот, Голоб најави забрзување на напорите Словенија да ја постигне целта што поскоро да го зголеми финансирањето на својата војска на 2 отсто од БДП, според договорите во НАТО алијансата и изјави дека неговата влада би го променила претходниот план за да го постигне тоа до 2030 година.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
