-->
-->
Големото шпанско дерби без Меси?!
-->
Каталонскиот весник Sport ги шокираше навивачите на Барселона со објавата дека Лионел Меси нема да игра на дерби мечот со Реал во Мадрид, кој на програмата е на 21.ноември.
Меси се опоравува од повредата на лигаментите на левото колено, а истиот извор пренесува дека рехабилитацијата не оди според планираното и дека Аргентинецот нема да биде подготвен да игра во „Ел Калсико“.
„Лео веќе отпадна од комбинација за мечот со Реал на Сантијаго Бенранбу“, пишува Sport и додава дека во Барселона се внимателни за да не ја влошат повредата на својот најдобар играч.
„Мечот со Реал ништо не решава. Не е последно коло, не е натпревар на ’живот или смрт’. Тоа е само натпревар за престиж и три бода“, пишува весникот.
Реал и Барселона, по десет одиграни натпревари во Примера, ја делат првата позиција на табелата со освоени 24 бодови. До меѓусебниот дуел на 21.ноември, двата тима ќе одиграат уште по еден натпревар, на 8.ноември Барселона ќе игра против Виљареал, а Реал ќе гостува во Севилја.
Лионел Меси се повреди на 26.септември на натпреварот со Лас Палмас. Оваа сезона има одиграно десет натпревари на кои постигнал шест голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот