-->
-->
Големо намалување на цената на горивата, еве за колку
-->

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 изнесува 60,5 денари за литар, а 62,5 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС -98.
Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 46,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 35 денари.
Малопродажната цена на мазутот М - 1 НС се намалува за 1,067 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 24,139 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 3,48 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ја донесе одлуката за промена на цената на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и курсот на денарот во однос на доларот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
