-->
-->
Големо апсење на Богородица: Падна шверцер со 7 килограми хероин
-->

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи запленија 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица.


Имено, на 15. овој месец околу 20:15 часот, на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија се пријавило патничко возило со српски регистарски ознаки, управувано од државјанин на Република Србија. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола истиот одговорил дека нема ништо за пријавување, но при контрола на возилото во два акумулатори, од кои едниот бил сместен под хаубата, а другиот во багажниот простор, царинските службеници пронајдоа вкупно 14 пакувања облепени со селотејп трака наполнети со кафеава прашкаста материја, за која по извршеното тестирање на тестер за дрога е утврдено дека се работи за хероин со вкупна тежина од 6,9 килограми.



Осомничениот го набавил хероинот во Истанбул - Турција со намера да го пренесе во Нови Пазар – Република Србија. Царинската управа против лицето поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Велес и осомничениот е изнесен пред судија на претходна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Психофизичката подготвеност е темел на професионалната полициска служба
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
-

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
