Големите компании го откупуваат тутунот во прилепско
Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
Според Сојузот на тутунските здруженија, годинашната реколта е над 20.000 тони и е помала од ланската, но е поквалитетна. Затоа тутунарите очекуваат солидна откупна цена и реална процена на вагите на откупните пунктови.
- Тутунарите се задоволни од почетокот на откупот. Така очекуваат да продолжи. Големите откупни претпријатија ги отворија пунктовите. До понеделник сите девет откупувачи ќе го проценуваат родот на вкупно 186 ваги на 152 откупни пункта во земјава. Моментално се откупува на 85 ваги, изјави претседателот на Сојузот, Данчо Милески.
Во посета на пунктовите во Прилеп денеска ќе биде заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ќе ги посети пунктовите на „Сокотаб“ од Битола и градскиот пункт на Прилепскиот тутунски комбинат. Костадиновски ќе има средби и со земјоделците од Кривогаштанско.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат