Големиот одрон отстранет од патот Дебар-Маврово, сообраќајот без проблеми

Отстранет е големиот одрон од карпа, кој синоќа падна околу 23 часот на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница, кај бензинската пумпа на „Макптерол“, во близина на Бигорски манастир.
- Стануваше збор за одрон од карпа со голема димензија. Со соодветна механизација одронот го отстранив, го саниравме и кратерот што го имаше направено врз патот. Сообраќајот сега се одвива без никакви проблеми. Застој во сообраќајот немаше, зашто возилата беа пренасочвани преку патот пред бензиснката пумпа, вели Деар Лиманоски од дебарската секција на „Македонија пат“.
Лиманоски подвлече дека поради обилните дождови присутни изминатите денови, вообичаена е појавата на одрони како на овој пат, така и на патните правци Дебар-Струга, Мелнички-Мост–Центар Жупа, како и на каркот кој води кон селата Гари и Лазарополе. Според него, нивни екипи се постојано на терен во расчистување на одроните. Тој апелира на голема внимателост при движење на споменатите патни правци и делници.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
