Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад

– Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за разбивање демонстрациите од граѓаните кои во близина ја поддржуваат Дијана Хрка, мајката на млад човек кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Хрка апелираше попладенво до граѓаните, кои ја поддржуваат додека таа штрајкува со глад пред српскиот парламент, да останат смирени и достоинствени и да не предизвикуваат немири. Таа штрајкува со глад веќе четири дена и побара од нејзините поддржувачи да не фрлаат и да се конфронтираат со жандармеријата и полицијата.
„Каде што се, утре нема да постојат, Србија ќе остане слободна“, рече Дијана Хрка.
Таа ги замоли присутните да останат достоинствени и да не се приближуваат до Пионирскиот парк, за да нема судири.
Во Белград од попладнево со голем број автобуси пристигнуваа приврзаници на властите.
МИА
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
