-->
-->
Големата трагедија - Жељко тргнал на погреб и починал
-->
Жељко отишол на погреб кај мајката на својот најдобар пријател, а веднаш потоа брзал да се врати на своето работно место во воениот завод.
-„Господе, дали воопшто те има?! Зошто таква лоша судбина намени за мојот брат? Кутриот само брзаше да стигне на работа, но испадна дека брзал да ја стигне смртта. Не можам да поверувам!“
Вака, со солзи во очите, тажела сестрата на Жељко Николиќ, по својот брат кој во вторникот попладне настрадал во страшна експлозија во Техничкиот завод во Крагуевац.
Останките од неговото тело кои се пронајдени меѓу рушевините, како и останките од неговиот колега Дејан Ковачевиќ се пронајдени дури во четвртокот вечерта.
-„Го прашав зошто се враќа на работа кога не го искористил целосно одморот. Тој ми одговори: „Знаеш дека деновиве имаме премногу работа.“ И ете, се врати на работа, а два часа подоцна експлозијата го згасна неговиот живот. Ех, да не беше толку одговорен, а ме послушаше и да не отидеше.“- низ плач говореше Гордана, сестрата на Жељко.
Жељко бил самохран татко, се грижел за ќерките Тијана (12) и Татјана (19), но и за неговата стара мајка (74). Ќерките го обожувале, бидејќи бил исклучително посветен татко. Утрото, пред кобната експлозија, Тијана која била негова миленичка непрестано го бакнувала и прегрнувала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола