-->
-->
Голема трагедија - Никола гледал фудбал a потоа станал и се фрлил под воз
-->

Голема трагедија ја потресе Србија. Младо момче се самоуби фрлајќи се пред воз.
Како што пишува српскиот Курир, 17-годишниот Никола Сречковиќ од Ваљево, синоќа околу еден часот по полноќ, излегол од дома и се фрлил под воз. Причината за самоубиството на момчето не е позната дури на на неговите родители.
- Сите бевме дома, гледавме фудбал. Потоа рече дека ќе оди до тоалетот да си го издува носот. Го снема. Се вртевме низ дома но него го немаше. Излеговме да го бараме надвор испаничени. Потоа во шест наутро од полицијата ни јавија што се случило, со солзи раскажува мајката на момчето, Слаџана Сречковиќ.
Никола од дома излегол без мобилниот и документи. Велат дека бил мирно и весело момче. Неговото семејство кое не ни претпоставува зошто тој се решил на ваков чекор е скршено од болка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
