Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
Навивачите на два грчки тима се степаа ноќта меѓу саботата и неделата во Берлин каде се одржува фајналфорот во Евролигата.
Според локалните медиуми, во конфликтот учествувале голем број навивачи на Олимпијакос и Панатинајкос.
Грчките тимови остварија половичен настап во полуфиналните дуели од завршниот турнир во Евролигата.
ПАО се пласираше во финалето, каде ќе се соочи со Реал Мадрид од кој загуби Олимпијакос.
Голем број грчки навивачи се во Берлин, а во германската престолнина се очекува да пристигнат уште пет илјади.
Ноќта меѓу саботата и неделата дошло до тепачка по која биле повредени многу луѓе.
По извесно време германската полиција успеала да го „згаси“ конфликтот, по што Брзата помош ги згрижила повредените.
Европските медиуми јавуваат дека се повредени 12 лица, од кои двајца потешко. Уапсени се околу 90 лица.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%