Голема рација во Сингапур: Запленети 94 куќи, скапи автомобили, злато

Полицијата во Сингапур заплени имот во вредност од околу 1 милијарда сингапурски долари (околу 735 милиони американски долари) – вклучувајќи луксузни домови, автомобили и часовници – во една од најголемите истраги за спречување на перење пари во земјата. Златни шипки, дизајнерски чанти, скапо вино и 23 милиони сингапурски долари во готовина се меѓу предметите запленети во рациите, јавува Би-би-си.
Во акцијата полицијата уапсила десет лица, сите со странски пасоши. Вакви рации се ретки во Сингапур, кој има една од најниските стапки на криминал во светот. Сингапурската полиција соопшти дека во вторникот биле извршени истовремени рации низ градот-држава. Запленети се 94 куќи, многу во скапи населби, како и 50 возила.
Десет лица на возраст меѓу 31 и 44 години се уапсени за наводно перење пари и фалсификување. Полицијата соопшти дека уапсените поседувале пасоши од Кина, Камбоџа, Турција и Вануату.
Групата е осомничена за перење приходи од организиран криминал во странство, измама и онлајн коцкање.
„Нема толеранција Сингапур да се користи како засолниште за криминалци“, рече Дејвид Чу, директор за комерцијални работи на полицијата, додавајќи: „Нашата порака до овие криминалци е едноставна – ако ве најдеме, ќе ве уапсиме. Ако најдеме незаконски стекнати добивки, ќе ги конфискуваме. Ќе постапуваме со вас според нашите закони“.
Полицијата соопшти дека во истрагата соработуваат уште 12 лица, а во моментов се трага по осум други.
Централната банка на земјата и финансискиот регулатор Монетарната управа на Сингапур соопшти дека биле во контакт со финансиски институции „каде што биле идентификувани потенцијално незаконски стекнати средства“. Ќе се преземат „одлучни мерки“ против институциите кои не ги исполнуваат официјалните услови за спречување на перење пари.
Ново на Сител
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
