Голема полициска акција во Скопје, уапсени 16 лица
Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога…По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.


Ново на Сител
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски и Филипче во дуел за резултатите на владата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од СДСМ
-

Приведени директорот и уште еден раководител на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
