Голема полициска акција во Косово, уапсени 33 лица поради нелегално коцкање и трговија со луѓе, оружје и наркотици

Косовската полиција уапси синоќа 33 лица, меѓу кои и 10 полициски службеници, во голема координирана операција во селото Карачево во Општина Каменица, во Приштина и други места низ земјата, а веднаш беше преземена и акција за уривање на десетина нелегални казина во Карачево, јави дописникот на МИА од Косово.
Основното обвинителство во Гњилане, полицискиот инспекторат и Полицијата на Косово преку соопштение за јавноста информираа дека операцијата е изведена како резултат на речиси едногодишни истражни активности за нелегални дејствија, меѓу кои нелегално коцкање, трговија со луѓе, со оружје и наркотици, шверц на стоки и други криминални активности.
Според соопштението, полициските службеници во законски предвидениот рок ќе се изведат пред судија во претходна постапка, додека при акцијата се запленети апарати за игра на среќа, разни стоки и предмети за кои се претпоставува дека се користени за криминални активности.
Оваа операција, нагласува Обвинителството во Гњилане, е најголема од таков вид во Република Косово и претставува пример на соработката меѓу обвинителството, полицијата и полицискиот инспекторат.
Приштинските медиуми јавија дека меѓу уапсените полицајци и другите лица има припадници на албанската и српската националност.
Селото Карачево, каде што главно беше сконцентрирана акцијата, се наоѓа на самата граница со Србија и стана актуелно откако на почетокот на август годинава таму влезе патрола на уноформирани припадници на српските безбедносни сили. Настанот предизвика бурни реакции во јавноста, а опозицијата ја обвини власта дека не е способна да ја штити трериторијата на државата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
