-->
-->
Голема победа на Вардар против Фенербахче
-->
Македонскиот шампион Вардар оствари голема предност од два гола по првиот меч од плејофот за место во Лига Европа против турскиот Фенербахче.
Вардар на полната Национална Арена „филип Втори“ во Скопје, го победи турскиот гигант со 2:0, со што направи голем исчекор кон историски пласман во групната фаза во Лига Европа.
Првата радост за македонскиот првак ја донесе Тигран Барсегјан во 20.минута за водство од 1:0.
Во втората минута од судиското дополнение (90+2), Топал во обид да ја врати топката до својот голман, со глава го лобуваше Идриз Камени и за голема радост на вардаровите фудбалери и навивачи им донесе голема предност на црвено-црните по првиот меч.
Во финишот од натпреварот Вардар остана со играч помалку откако капитенот Бобан Грнчаров поради втор жолт картон беше исклучен, па нема да настапи и во реваншот закажан по седум дена во Истанбул. Црвен картон кај Фенербахче заработи и Бразилецот, Соуза.
Вториот македонски претставник во Лига Европа, тетовска Шкендија која гостува на „Сан Сиро“ против Милан, по 80.минути игра губи убедливо со 5:0.
Реванш натпреварите ќе се играат следниот четврток (24 август).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска