-->
-->
Голема победа на Струга, кикс на Шкупи
-->
Убав дена за екипата на Струга во домашното фудбалско првенство откако лидерот на табелата славеше против Академија Пандев додека шампионот Шкупи загуби на Чаир од градскиот ривал Скопје.
Екипата од Автокоманда предводена од новиот тренер Мирсад Јонуз одигра храбро на теренот на фаворитот и го реши мечот со погодокот на Абази.
Шкупи имаше неколку шанси да го израмни резултатот но Ефремов одлично го чуваше својот гол.
Овој кикс на шампионот го искористи Струга Трим Лум. Лидерот славеше со 3-1 против Академија Пандев. Уште на самиот старт домашните со двата гола на Ибраими и еден на Муарем ја најавија победата и тоа во период од само осум минути. Единствениот гол за гостите од Струмица беше дело на Ергемлидзе во 46-тата минута.
На врвот на табелата Струга има пет бода повеќе од Шкендија која славеше со 2-0 против Победа. На овој натпревар за првпат во македонскиот фудбал правдата ја делеше дама, Ива Пројковска нашиот најдобар женски судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година