-->
-->
Голем пресврт после состанокот на Путин и Асад: Сирија сепак ќе прифати дипломатско решение
-->

„Денес во Сочи беше одржан состанок на претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Сирија, Башар Ал Асад. Асад беше во работна посета на Сочи“, изјави Песков и откри дека двајцата претседатели ја нагласиле потребата за создавање на дополнителни услови за политичкиот процес во целосен формат во Сирија.
„Беа одржани значајни преговори. Нагласена беше потребата за создавање на дополнителни услови за продолжување на полноправниот политички процес, а забележани се успеси како во текот на процесот во Астана, така и во рамките на Конгресот на сирискиот народ одржан во Сочи“, изјави Песков.
Според неговите зборови, на последниот состанок Путин и Асад разговарале за „следните заеднички чекори“.
Асад го известил Путин за неговата подготвеност за започнување на политичко решение во Сирија. Тој исто така донел одлука да испрати своја делегација за формирање на уставен одбор во Обединетите нации и ќе предложи преработка на Уставот на Сирија. Сето ова, би требало да придонесе кон одржување на демократски избори во државата. Сирискиот претседател исто така истакнал дека има подобрување на стабилноста во Сирија.
Со оглед на тоа што воопшто не се гледа крајот на војната во Сирија, јасно е дека со ваквиот потег Асад попушта пред притисоците на меѓународната заедница, односно пред западните сили.
Сега останува да се види какви предлози ќе изнесе делегацијата од Дамаск пред Обединетите нации, односно под какви услови е возможно да се направи едно дипломатско решение кое што ќе му одговара и на Дамаск, но и на сириската опозиција.
Лидерите на Русија и Сирија и претходно одржуваа состаноци во летната резиденција на рускиот претседател. Асад беше во Сочи и кон крајот на минатата година, состанокот беше одржан на 20-ти ноември, но светската јавност дозна за тоа неколку дена подоцна.
Претседателот на Русија за време на ноемврискиот состанок порача дека борбата против тероризмот во Сирија се приближува кон крајот, но и понатаму на тие територии ќе се појавуваат нови жаришта на тероризмот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања