Голем пожар во рускиот град Ростов, опожарени120 згради, од кои 98 станбени
Сто и дваесет згради, вклучувајќи 98 станбени згради, беа зафатени од голем пожар во историскиот центар на Ростов-на-Дон, југозападна Русија, објави новинската агенција ТАСС.
Околу 50 лица се наоѓаат во центарот за привремено сместување, каде и натаму пристигнуваат лица, кои станале бездомници. На околу 45 лица им е пружена лекарска помош, вклучувајќи и соработник на Министерство за вонредни состојби и полициски службеници, кои помогнаа во борбата против пожарот.
Пожарот избувна во дрвена куќа во центарот на Ростов-на-Дон со население од 1,1 милион луѓе. Огнот брзо се пресели во соседните згради, со помош на силниот ветер, кој дуваше со брзина од најмалку 15 метри во секунда.
Најмалку 1.200 лица, поддржани од хеликоптери и авиони, го гаснеа огнот, кој беше локализиран околу 19 часот по московско време, кога се прошири на површина од 10.000 квадратни метри. ТАСС истакнува дека пожарот не е целосно изгаснат.
Снабдувањето со електрична енергија и гас во погодената област превентивно беше прекинато, а 650 луѓе беа евакуирани. Еднократен надомест од 20.000 рубли (1 рубља = 0,014 евра) ќе им биде исплатен на сите жртви.
Руските медиуми ги цитираа локалните жители кои тврдат дека пожарот можно е намерно да е подметнат, бидејќи претприемачите за недвижнини сакаат да го добијат земјиштето во центарот.
Регионалниот гувернер и обвинителството ветија дека ќе ги испитаат овие наводи. Полицијата започнала кривично дело за намерно уништување или оштетување на туѓ имот, за кој предвидува казна затвор до пет години.
Претходно, органите на редот изјавија дека можна причина за пожарот е дефект во некој апарат за домаќинство.
Ново на Сител
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани