Голем пожар во Ново Село - зафати три куќи
Неколку семејства од Ново Село останаа без кров над глава откако попладнево нивните куќи беа зафатени со голем пожар. Пожарот е на самиот почеток на селото на околу стотина метри воздушна линија од бензинската пумпа. Според првичните информации зафатени се 4 куќи и неколку помошни објекти. Во битката со пламените јазици вклучени се 16 пожарникари од струмичката противпожарна единица со 5 возила, месното население а се делува и од воздух со еден полициски и еден армиски хеликоптер.
Гаснењето на пожарот го отежнува и ветрот што дува, но и големите количини горлив материјал што се наоѓа во зафатените дворови. според екипите на терен пожарот се шири многу брзо.
Во струмичката противпжарна единица информацијата ја добиле околу 16 часот. Кај нив било пријавено дека гори штала од која за кратко време биле зафатени и соседните куќи. За сега причините остануваат непознати. За среќа, нема повредени лица.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар