Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“, во предел кај Пустец.
-Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот, објави Топ чанел.
Пожар од големи размери, на Сува Планина во националниот парк „Преспа”имаше и на почетокот на август минатата година, кога беше опожарената површина над 300 хектари.
Се закануваше да стигне до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучија и македонски хеликоптери.
Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата.
-Моментно има 17 активни пожари и продолжува работата за нивно изолирање и гаснење. На терен се распоредени над 1.000 воени и цивилни сили, заедно со 5 хеликоптери од армијата, како и еден од Унгарија, а од попладнево и два канадера од Италија и Хрватска, објави Пирот Венгу, министер за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа