Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос
Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос, а жителите се превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Префектот на островите во северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства.
Преку бројот 112 за итни случаи, беше побарано од жителите на Ватера да се евакуираат, откако огнената стихија од планината се симна кон населеното место.
Според локалните медиуми од островот, станува збор за туристичко место, а освен домови, биле евакуирани и хотели.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 50 пожарникари со два пешадиски тима, 17 возила, седум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните
-
Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време
-
Приведени две лица од Радовиш, сторители на 14 тешки кражби
-
Утре средба Мицкоски - Таравари, за премиерот е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после полноќ
-
Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико