Голем пожар во близина на фабрика за пиротехника
Голем пожар избувна синоќа во селото Куч крај Тирана, при што пламените јазици се прошириле во должина од 3 до 4 километри.
Освен противпожарни возила и десеттици пожарникари, во гаснењето се вклучиени и многу припадници на албанската армија, како и доброволци, чиј приоритет е да се спречи проширувањето на пожарот во правец на блиската фабрика за пиротехнички средства. Побарано е во гаснењето да се вклучи и авион.
Инаку, како што јави дописникот на МИА, во Албанија и натаму секојденво избувнуваат нови пожари, а со денови се активни повеќе огнови, поради што повторно е побарана помош од странство.
- Врз основа на одлуката на Европската комисија, Грција дополнително испрати уште два авиона за да и помогне на Албанија во борбата со големиот број пожари, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Албанија помош за справување со пожарите на почетокот на месецов побара од Грција, која веднаш испрати два авиона, како и од Италија, од каде пристигна хеликоптер.
Ново на Сител
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани