-->
-->
Голем пожар во близина на автопат кај Лос Анџелес
-->
Голем пожар избувна синоќа крај еден прометен автопат во близина на американскиот град Лос Анџелес, поради што поголем број возачи и патници во паника ги напуштиле своите возила, оставјќи ги на коловозот.
Како што јавија американските медиуми, пожарот досега зафатил површина од околу 1.500 хектари, при што уништил најмалку две куќи и се закнува да опожари уште 50-тина други.
Според полицијата, пожарот уништил и 40-тина автомобили, камиони и други возила на автопатот што го поврзува Лос Анџелес со Лас Вегас.
Телевизиите објавија снимки на луѓе кои панично бегаат пред огнената стихија оставајќи ги своите возила.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции