Голем интерес за грант за млади земјоделци во Кавадарци и Росоман
Голем интерес има за грант за млади земјоделци кај жители на општините Кавадарци и Росоман. Во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, работна единица Кавадарци, аплицирале 40 лица заинтересирани да почнат да се бават со земјоделство. Од нив, досега на 14 апликанти им било потврдено дека ги исполнуваат условите за добивање на грант до 600 илјади денари. За ова денеска информираше за МИА Драганчо Николов, раководител во кавадаречката филијала на Агенцијата.
- Се работи за млади луѓе на возраст од 18 до 40 години, кои прв пат одлучуваат да се занимаваат со земјоделство, откако најголемиот дел од нив го имаат наследено земјоделскиот имот од своите родители, или пак самите се стекнале со свое земјоделско земјиште. Услов е исто така апликантите да почнале да се занимаваат со земјоделство во последните 18 месеци, појасни Николов.
Тој соопшти дека грантот најчесто опфаќа набавка на земјоделска механизација за потребите во земјоделството, лозарство или овоштарство. Се мисли на трактори, атомизери за заштита на земјоделските култури, плугови за орање и слично.
Грантовите се исплатуваат во рамките на мерката 112 од Програмата за рурален развој на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск