Голем интерес кај кумановци за вакцинација против сезонски грип

Во Куманово има голем интерес за вакцинирање против сезонски грип.
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово соопштија дека вчера и денеска 334 лица примиле ваквина и платиле 650 денари, а 120 лица го искористиле „Мој термин“ и бесплатно ја примиле вакцината пред почетокот на сезоната.
– Има голем интерес. Имавме мали технички проблеми во однос на креирањето на специјалистичките упати и во однос на донесувањето на чекот за пензија, но тоа е веќе усогласено. Матичните лекари ги креираат упатите и ги испраќаат лицата кои бесплатно ја примаат вакцината, изјави, доктор Јадранка Стаменковска, раководител на одделението за епидемиологија од кумановскиот Центар за јавно здравје.
Центарот за јавно здравје Куманово работи секој работен ден од 7 до 15 часот, вклучително и сабота.
Оваа јавна здравствена установа годинава набави 1.000 вакцини наменети за лицата кои за вакцинирањето плаќаат 650 денари. Станува збор главно за хронично болни лица. Од овие вакцини, 50 се наменети за општина Кратово, а 100 за Крива Паланка. Од бесплатните вакцини кои ги обезбеди Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје Куманово доби 1.800 вакцини од кои 200 се за Крива Паланка и 100 за Кратово.
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
