Голем хакерски напад регистриран во Бугарија
Голем хакерски напад е извршен во Бугарија врз Националниот систем за издавање зелени сертификати. Ова го потврдија од „Информативни служби“ кои во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против здравствениот сајт, јавија бугарските медиуми.
Во моментите на пикови на големиот кибер напад, системот не беше достапен и корисниците не можеа да влезат на страницата и да ги издадат своите зелени сертификати за Ковид-19.
Најголем пик на нападот бил во утринските часови на 21 октомври. За време на нападите не протекоа лични податоци, соопштија од Информативните служби.
„Информативни служби“ АД е бугарски национален системски интегратор на државната администрација. Компанијата гради, одржува, развива и ја следи оперативноста на информациските системи од национално значење.
Ново на Сител
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми Септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот