Голем број Швајцарци ја напуштаат својата земја
Масовната емиграција на населението не е единствена само за земјите од источна и југоисточна Европа, туку ги погодува и богатите држави, како што е Швајцарија.
Голем број Швајцарци се одлучуваат својата среќа да ја побараат во странство, а омилени дестинации за живот им се Франција, Германија и САД, но и Австралија и Тајланд.
Западните медиуми пренесуваат дека последните години бројот на Швајцарци кои ја напуштиле земјата значајно е зголемен, а истовремено помалку се враќаат назад. На пример во 2017 и 2018 година, околу 32.000 Швајцарци заминале, а 24.000 граѓани се вратиле во државата.
Според статистичките податоци, околу 36 отсто емигранти од Швајцарија се на возраст меѓу 20 и 35 години, што покажува дека се повеќе млади ја напуштаат богатата, но скапа Швајцарија.
Втора група емигранти се двојните државјани, односно Швајцарци со странско потекло, како што се Италијанци или Португалци, кои откако ќе се пензионираат се враќаат во претходната татковина.
Швајцарија, меѓутоа, нема проблеми со демографијата, бидејќи тоа е земја во која се имигрира, па минатата година во таа држава се населиле околу 55.000 странци.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање