Голем американски терминал за ЛНГ затворен поради експлозија, гасот ќе доцни во Европа
– Експлозијата во еден од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас (ЛНГ) ќе доведе до намалување на извозот на американскиот гас на светските и европските пазари, кои веќе се под посебен притисок поради напорите на европските земји да запрат увоз на тој енергенс од Русија поради инвазијата врз Украина. Цената на гасот во Европа веднаш порасна.
Важен американски терминал за извоз на ЛНГ ќе биде затворен три недели поради пожарот што избувна на 8 јуни, јави Блумберг пренесувајќи изјава на портпаролот на компанијата Фрипорт ЛНГ.
Експлозијата во постројката во Тексас ќе го намали извозот на американски гас во време кога светот се соочува со недостиг, истакнува Блумберг, посочувајќи дека речиси една петтина од сите испораки на гас во странство од САД поминале преку тој терминал минатиот месец.
Во првите четири месеци од оваа година, САД испратија речиси три четвртини од својот ЛНГ во Европа, која сега добива речиси половина од снабдувањето со гас преку Атлантикот, додека европските земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руски енергенси поради инвазијата врз Украина.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
