Кошарка
20. November 2017 - 11:04

Голден Стејт победува и без Дурант

 
 
 Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс ноќеска го победи Бруклин Нетс со 118:111.
 
Во отсуство на повредениот Кевин Дурант, Вориорс до победата на гостувањето во Њујорк беше предводен од Стеф Кари кој мечот го заврши со 39 поени, 11 скокови и седум асистенции.
 
Најефикасен во домашниот состав беше Ален Креб со 25 поени, оствари и седум скока.
 
По овој триумф, Голден Стејт се изедначи на врвот на табелата во Западната конференција со Хјустон Рокетс со биланс 13 победи и четири победи.
 
Од друга страна, Бруклин го запиша десеттиот пораз во 16. натпревар и се наоѓа на 13. место во пласманот на Запад.