Кошарка
2. јуни 2017 - 10:25

Голден Стејт го декласира Кливленд во првиот меч од финалето

 
 
Екипата на Голден Стејт го совладаа шампионот Кливленд со убедливи 113:91 и поведе со 1-0 во финалната серија од НБА плеј-офот 
 
Ниту бранителот на трофејот не беше способен да ја запре победничката серија на „воините“ која трае од почетокот на плеј-офот и која изнесува 13 победи во низа.
 
Клучна за победата беше серијата од 13-0 која Голден Стејт ја направи на почетокот од второто полувреме.
 
Предводник до триумфот на својот тим беше Кевин Дурант со 38 поени и по осум скокови и асистенции. Голем удел во победата имаше и Стеф Кари кој запиша дабл-дабл ефект 28 поени и 10 асистенции надополнети со шест скока.
 
Во поразениот тим Леброн Џејмс се истакна со 28 поени, 15 скока и 8 асистении, додека Кајри Ирвинг реализира 24 поени.
 
Финалната серија која се игра до четири победи продолжува ноќта меѓу недела и понеделник (почеток 2 часот).