Годишнина од раѓањето на претседателот Борис Трајковски
Со полагање цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денес беше одбележана 62-годишнината од неговото раѓање.
Пред членови на семејството Трајковски, граѓани, претставници на Советот на општина Струмица, институции, политички партии и здруженија говор одржа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
- Претседателот Борис Трајковски сонуваше со отворени очи. Неговиот сон за просперитетна Македонија и за Македонија-членка на ЕУ и НАТО, беше сон поткрепен со силна верба во својата родна татковина. За жал, тој сон беше прекинат на 26. февруари 2004 година, кога во авионска несреќа во близина на Мостар згасна неговиот живот, животите на неговите соработници и членовите на екипажот. Македонија беше завиена во црно, останувајќи без својот претседател кој имаше само 48 години, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Рецитаторите од Домот за деца и млади ги прочитаа творбите од наградниот литературен конкурс на тема „Сите заедно споделуваме една иста судбина наречена Македонија“ распишан од Библиотеката „Благој Јанков Мучесто“ од Струмица.
Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Од тројцата браќа Трајковски жив е само најстариот, Мојсеј.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година