Годишен Саем на колеџи во САД
Годишен Саем на колеџи од САД ќе се одржи денеска во Културно информативниот центар во Скопје, во организација на Американската амбасда по повод Меѓународната недела на образование.
Различни аспекти од своето искуство на американски колеџ ќе споделат дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменикот шеф на Мисијата Микаела Швеицер – Блум.
Советниците на EducationUSA, како што информираат организаторите, ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија.
Советникот за образование од Амбасадата на САД, исто така, ќе одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник