Годините не и можат ништо: Моника Белучи во нова жешка еротска сцена

Италијанскиот секс симбол, глумицата Моника Белучи лани го привлече вниманието како највозрасната „Бонд девојка“ во 007 серијалот филмови, а сега таа уште еднаш покажа дека за жените годините може да бидат само еден обичен број.
Имено, 52-годишната заводничка се појави во пет епизоди текевизиската драма „Моцарт во џунглата“, каде има експлицитни љубовни сцени со својот помлад колега, Мексиканецот Гаел Гарсија Бернал.
Фановите коментираат дека таа апсолутно го оправдала изборот на сценаристот Роман Копола.

- Беше автентична, своја... Италијанка е, страствена е и очигледно доста убава, динамична и интересна. Не ми требаше многу размислување (околу нејзин ангажман), рече Копола.
Интересно е да се напомене дека токму тој во 1992 го наговорил својот татко, легендата на „седмата уметност“, Френсис Форд Копола, да ја ангажира италијанската убавица за филмот „Дракула“. Тоа се смета за отскочна даска во кариерата на глумицата, пишува „Дејли Мејл“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
