Гоце Радевски лице со целосен оштетен вид секојдневно се соочува со општествените бариери
Секој 15 октомври, на светскиот Ден на белиот стап, наместо да зборуваме за успесите на лицата со оштетен вид и да покажуваме што се државата прави за да им го олесни животот и им даде фер шанса, единствено што можеме да направиме е да го пружиме микрофонот на кој ќе може да кажат: ,,Постоиме и ние, не не заборавајте". Еден од оние заборавените е и Гоце Радевски лице со 100% оштетен вид. По повод светскиот Ден на белиот стап, направивме обиколка на повеќе локации за да се увериме со какви потешкотии се среќаваат лицата со оштетен вид.
Една од локациите кои ги посетивме е раскрсницата кај Универзална сала. Тротоарите на улиците кои водат до неа се полни со столбови и дрвја кои ја зафаќаат патеката за пешаци a автомобилите зафаќаат дел од површината за движење. Семафорот е без звучна сигнализација а на средината од улицата ограда која дополнително го отежнува преминувањето. Гоце апелира, кога нешто се прави и проектира, институциите да знаат дека постојат и лицата со оштетен вид.
Архитектонските бариери на тротоарите ги дезориентираат лицата со бел стап, а најголем проблем во сето тоа е немањето тактилни патеки.
На Денот на белиот стап, Гоце Радевски посочи дека фондот ја покрива набавката на бел стап, но апелираше ваквата пракса да се применува и за сите други предмети неопходни за секојдневно функционирање.
Следна локација која ја посетивме е Поликлиниката во Ѓорче која директно го засега Гоце, а истото важи за голем број здравствени установи во Скопје и Македонија а тоа се непристапните влезови, немањето лифтови и тактилни патеки за лицата со оштетен вид.
Воден од личните проблеми а имајќи предвид дека е физиотерапевт, Гоце заедно со своите истосудбеници одлучиле да формираат тим, кој ќе ги посетува лицата кои имаат потреба од физикална терапија и медицинска масажа во домовите и така ќе им помогне да ги избегнуваат физичките бариери во установите.
Секој кој сака да го контактира Гоце и неговиот тим истото може да го стори на бројот 078 810 178 или преку меил. А со Гоце се поздравивме со надеж дека следната година на 15 октомври ќе покажеме локации каде работите се менуваат на подобро а дека во наредната година институциите ќе имаат поголем слух за лицата со оштетен вид.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура