ГОБ „8 Септември“: Ги транспортираме починатите лица согласно Законот

В.д. директорот на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ проф. д-р Сашо Стојчев преку соопштение за медиумите информира дека болницата постапува согласно Законот за гробишта и погребални услуги при транспортот на починатите лица.
Причина за издавањето на соопштението, како што посочува, се зачестените забелешки и протести од страна на овластените приватни компании за транспорт и погреб на починати лица.
- Во измените и дополнувањата на Законот за гробишта и погребални услуги (Сл. Весник на Р.М бр. 163/2013) членот 8 гласи: „Преземањето и превозот на умреното лице се врши по барање на член на потесното семејство на умреното лице, односно од овластено лице од институцијата каде што починало во согласност со член на потесното семејство на умреното лице, од страна на оператор за погребални услуги кој поседува дозвола. При преземањето на умреното лице задолжително се составува записник за преземање и превоз на умреното лице кој се потпишува од страна на лицето кое го презема и лицето кое го предава умреното лице, со приложување на дозволата за вршење на погребални услуги. Записникот го подготвува операторот на погребални услуги “. Почитувајќи ја законската обврска болницата постапува согласно Законот, се вели во соопштението од ГОБ „8 Септември“.
Се појаснува дека до 2010 година во болницата се третирани релативно полесни случаи, при што бројот на починати лица беше просечно под 90 годишно. Од 2011 година па наваму, бројот на тешко болни е најмалку неколкукратно зголемен. Поради тоа, и бројот на починати лица ја достигна бројката од над 350 годишно.
- Од тогаш, сите овластени компании за транспорт и погреб на починати лица почнаа да покажуваат поголем интерес за нашата установа, односно за превземање на починатите лица. Се случуваше често сите компании да делат свои визит картички на персоналот на интензивните неги од каде што доаѓаше најголемиот дел на починати лица, а со цел за извесна надокнада на нашиот персонал од нивна страна, тие бидат ексклузивно известени дека во установата има починато лице, и истите го превземат, често и без согласност од семејството, се потенцира во соопштението.
Сите одделенија, се нагласува, имаат список на овластени компании за транспорт и погреб дополнет со телефонските броеви од тие компании.
- Списокот се дава на членовите на семејствата заедно со изјава во два примерока која тие треба да ја пополнат по извршениот избор на компанија. Поради тоа, од почетокот на октомври оваа година, сите починати лица се транспортираат до Просектурата, а од таму се издаваат на компаниите само по потпишана согласност од страна на семејствата, заедно со посмртницата. Доколку, до 12 часа по смртта, никој од семејството не се појави и покрај тоа што се известени за смртта на нивниот близок, истиот се транспортира во АД Бутел, кој единствено на територија на градот Скопје и пошироко, поседува ладилници за подолго чување на починатите. Транспортот на сите починати до Бутел се врши комплетно бесплатно, за што сме известени од истата компанија. Исто така, најстрого е забрането во нашата установа било која компанија, вклучувајќи го и АД Бутел, да изврши транспорт на починато лице без потпишана согласност од семејството, се додава во соопштението.
Се истанува дека, од 01.10.2015 год. до 18.11.2015 год. во болницата се починати 54 лица. Од тој број, 31 починат се превземени од приватните погребални компании, а 23 од АД Бутел.
- Од страна на АД Бутел понудено е починатите лица со нивен персонал да се префрлаат од одделенијата во болницата до просектурата во нашата установа. Ова наиде на позитивен ефект кај сестринскиот и болничарскиот персонал кои се во извонредно мал број и прекумерно оптеретени со работа. Особено голем проблем беше префрлањето на починатите од страна на персоналот до нашата просектура во ноќните часови, кога персоналот е редуциран, така што одделенијата требаше подолг временски период да останат без стручен персонал. Во непотпишаниот договор, персоналот од АД Бутел има единствена должност да ги префрли починатите до нашата просектура и да чека одлука на семејството, пишана изјава врз основа на која телото се предава од семејството на овластена компанија, се прецизира во соопштението.
Поради лошите услови во просектурата, застарена опрема, нефункционални ладилници, несоответни врати на истите, се посочува во соопштението од ГОБ „8 Септември“, починатите не можат да бидат задржани подолго од 12 часа, особено во летниот период. Тогаш, по 12 часа, АД Бутел има право, бесплатно за семејството, да ги префрли починатите во нивната капела, односно во нивните ладилници.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
