„Го загубивме бебето, ова е болен момент за нас“, Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето | ФОТО
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а тажната вест ја соопшти нејзиното момче, фудбалерот и српскиот репрезентативец Немања Гудељ.
Пред неколку недели парот ја објави радосната вест дека Анастасија е бремена, но за жал, бременоста беше прекината.
Како што наведе славниот фудбалер во објавата на Инстаграм, „ова е болен момент“ за нив.
„Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со целото срце, честитки и пораки. Ви благодариме за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање што не сакаме да зборуваме за тоа. На наше големо жалење јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша Гудељ на својот Инстаграм профил.
Ново на Сител
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ
-
Шукова: Скопје ќе биде зелен град
-
Ѓорѓиевски: Нова сообраќајна инфраструктура во Скопје
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога