-->
-->
Го уапсиле затоа што крадел од подрум во Чаир
-->
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 23.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Д.(48), осомничен за кражба во населба Чаир.
– На 20.03.2022 во 23.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Џ.Д.(48) од Скопје. Тој се сомничи дека дека околу 21.00 часот со употреба на сила влегол во подрумска просторија на ул.„Емин Дураку“, сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
Од МВР велат дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас