Го тегнел и му удрил бокс - обвинение за скопјанец кој нападнал припадник на ЛГБТ заедницата
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело „насилство“.
-На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
На наведениот датум, по завршување на „Парада на гордоста“ во Скопје, како што стои во соопштението, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат биле забележани од обвинетиот и другите непознати лица, кои ги препознале и започнале да ги навредуваат и да им се закануваат. Исплашени за нивната безбедност, оштетениот и неговите пријателки се качиле во такси возила и се обиделе да побегнат, но обвинетиот и неговата група со автомобили ги следеле. Такси возилото во кое бил оштетениот било попречено од друг автомобил и било принудено да застане, по што обвинетиот насилно ја отворил предната совозачка врата и физички го нападнал оштетениот, го удрил со бокс и започнал да го тегне за да го извлече од возилото.
-На тој начин обвинетиот му нанел телесни повреди на оштетениот – контузија и раздерно-нагмечна рана, а кај останатите сведоци на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето