Го прегрна убиецот на својот син, во судницата настана молк: Неговите зборови ќе ве натераат да се замислите
Несекојдневна глетка се случи во американска судница откако 24 годишниот Треј Релфорд е осуден на 31 година затвор, а една сцена ги поогид сите, дури и удијата пушти заплака.
Имено, таткото на убиенот доставувач на пица, 22 годишниот Салахудин Џитмуд, кој е убиен пред две години, пред сите после говорот го прегрна убиецот на својот син.
Синот го опиша како нежено, великодушно и срамежливо момче кој се интересирал за музика, пишување и на кого тоа му била последна достава, откако одлучил да побара нова работа. На крајот на својот головр се сврти кон убиецот и ги шокираше сите во судницата кога кажа дека не го криви за убиството на својот.
-Ја кривам сатаната која вас ве завела и ве натерала да направите вакво злосторство, кажа таткото.
Истакна дека е важно да се прости, затоа што простувањето како што тој кажа било најголем дар од Господ.
Несреќниот Салахудин бил избоден и ограбен додека доставувал пица во Лексингтон во сојузната американска држава Кентаки, во април 2015 година.
Мајката на убиецот кажала дека нејзиниот син имал убаво детство, но дека како тинејџер почнал да се дрогира.
-Ја преземам целата одговорност за смртта на вашиот убав син. Искрено ми е жал за вашата загуба и шокирана сум со овој гест на простување кажа мајката на убециот.
На крајот и самиот убиец се обрати.
-Страшно ми е жал за се. Не можам да замислам вашата болка, не можам ништо да направам, ви благодарам на прошката, изјави тој.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола