-->
-->
Го прегазил на пешачка со мотор и избегал, детали за сообраќајката во која скопјанец загина на кеј кај „Жабар“
-->
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.
Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер