Живот
12. November 2018 - 22:53

Го криела бебето во багажник 2 години: Девојчето пронајдено голо, жедно и неухрането, еве како мајката го објасни тоа

Французинката Роза Марија Да Круз денеска се најде пред судот откако механичар откри дека девојче живее во багажникот од автомобилот на мајката.

Круз ја криела ќерката како воопшто да не постои, и ускратувала храна и вода, поради што против неа во градот Тул е покренато обвинение за насилство над малолетно лице кое предизвикало трајно оштетување.

Како што наведе неименуван извор од судот во тој град, на Круз и се заканува казна затвор од најмалку 20 години, пренесува АП.

Детето кога е пронајдено било на возраст од две години. Механичарот во багажникот го пронашол голото, неухрането и дехидрирано девојче.

Во извештајот се наведува дека мајката ја криела бременоста од сопругот и другите три деца и дека го држела бебето во подрумот и во багажникот од својот автомобил.

Детето кое сега има 7 години има посебна нега и внимание.

Како што објасни Исабел Дор-Рош, адвокат на центарот за социјална работа, малата Серена сега е „добро, ако така може да се каже за нејзината состојба“.

„Девојчето оди, сака да трча во природа, обожава да вози велосипед... меќутоа не може да поднесе да биде заклучена. Но, кога ќе и се обратите, не ве констатира. Испушта некои звуци, но не може да зборува, објасни таа.

Своевремено мајката изјави дека нејзиниот однос кон ќерката не го доживеала како запоставување, ниту како мачење. Како што рекла, бебето го држела во подрумот, во соба во која никој не влегувал.

„Станував пред сите и и подготвував шишенце. Не можев да и се посветам како на другите деца, но се трудев да преживее. Навечер, сите кога ќе легнеа во кревет, одев кај неа и и пеев, и зборував дека ја сакам и ја галев. Имавме посебен однос, вели Круз.

Како што објасни, се почнало на 24 ноември 2011 година, кога Роз на свет го донела девојчето во потполна тајност во својот ден.

„Беше 6 часот наутро и сите спиеја. Се породив, сама ја пресеков папочната врвца, ја зедов во раце и ја спуштив. Продолжив со својата рутина како ништо да не се случило“, објасни таа и додаде дека за својата бременсот дознала дури кога дошло време за породување. Кога се породила, нуколу не кажала, како ни во следните неколку дена, а потоа едноставно продолжила да живее во својата лага.