-->
-->
ГН Малезија: Пол позиција за Хамилтон
-->
Светскиот првак Луис Хамилтон ја обезбеди првата стартна позиција за утрешната трка за ГН на Малезија што ќе се вози во Куала Лумпур.
Ова ќе му биде јубилеен 100-ти старт од првата линија и 56-та пол позиција со што му се доближува на легендарниот Шумахер кој имаше 116 први стартни линии со 68 пол позиции.
Веднаш до него ќе стартува клубскиот колега Нико Розберг кој победи на последните три трки а зад нив на втората линија е двоецот од Ред Бул, Верстапен-Рикардо.
Доколку победи во Малезија на Хамилтон тоа ќе му биде јубилејна 50-та побеа.
Во првенството води Розберг со 9 бодови предност пред Хамилтон.
Стартот е во недела во 9ч по македонско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила